Friday, March 31, 2017

Проект по македонски јазик за П.Прличко

По македонски јазик добивме задача да направиме проект  за биографијата на некоја личност. Ние требаше да си бираме со кого сакаме, во групата требаше да бидеме три члена.  Јас избрав да бидам со Илина Јанева  и Теон Тутновски . Јас го извлеков ливчето како лидер на групата, и го добивме Петре Прличко. Јас како лидер на групата не сум  баш задоволна бидејки можевме многу повеќе но не се потрудивме . Ние нашиот проект го направивме како албум и навистина многу труд потрошивме во тоа. Јас и мојата соученичка Илина го најдовме текстот и го напишавме, а пак соученикот Теон ги сечеше сликите и ги лепеше. Имавме доста извори на информации но ние само најбитните делови ги извлековме иако требаше уште нешто да додадеме.