Thursday, October 19, 2017

''Сердарот''- Григор Прличев
 


''Сердарот'' е  поема напишана од Григор Прличев. Оваа поема била една од најважните и ''најпопуларните'' поеми и воедно за оваа поема тој добил златен венец. Главната тема на оваа поема е како Кузман Капидан се бори против Гегите со помош на неговата мајка Неда. Целта била да види народот во Македонија како Кузман се борел и  низ кои потешкотии и маќи тој го поминал неговиот живот. 

Трите најважни ликови во оваа поема се:


-Кузман Капидан (сердарот) Григор Прличев во оваа поема го има објаснето Кузман Капидан како храбар и силен борец кој се бори за сечиви права и кој би го дал животот за народот и неговото родно место. Кузман е многу почитуван човек кој притоа и неговите родители биле многу почитувани особено неговиот татко бидејки и тој бил  ( сердар) и  тој се борел на народот и починал за народот. Неговатас желба за да биде сердар се појавила уште од многу мала возраст, неговата желба била да има огоромен меч околу половината. Таа желба му била бидејки сакал да им се одмазни поради неговиот татко кој починал трагично. Во оваа поема  се зборува за неговата решителност  како и борбите со Гегите (Албанците) во кој и тој загинал. Исто така по неговата смрт народот, исто така го почитувал како кога бил жив. Кузман Капидан е многу опејуван во многу поеми.
   



-Неда е мајката на големиот јунак Кузман. Таа многу се гордее со тоа , но и притоа и таа е многу решителна, чесна и силна жена. Таа исто така е многу издржлива жена. Исто како и нејзиниот син Кузман таа сака да се бори за правото на сите. Покрај смртта на нејзиниот единствен син таа тоа го препродува иако тоа е многу тешко и не може секоја мајка тоа да го поднесе бидејќи многу голема болка е да исгубиш сопствено чедо. Неда кога го добила ветувањето од Гегите (Албанците) дека нема ништо лошо да и се случи на Неда и на нејзината куќа, таа им побарала и да биде народот заштитен од бандите бидејќи  таа многу се грижела и го сакала народот. Неда и по смртаа на нејзиниот син таа повторно била горда што има таков син јунак , кој се борел до смрт за правата на сите. Исто така и таа е многу опејувана во многу поеми како и нејзиниот син Кузман .


-Гегите ( Албанците) Во оваа поема Гегите се противниците на Кузман и неговиот народ.  Тие се опишани како злосторници , лоши луѓе и убијци на Кузман Капидан.  Кузман воопшто не ги сака, поточно  ги мрази бидејки му прават многу зло на народот  и им вршат терор на невиниот народ, затоа Кузман се пори против нив. Во една битка додека се борат Кузман и неговата дружина загинуваат. Гегите и покрај сите лоши работи тие и ветуваат на неговата мајка Неда дека ќе и го донесат мртвото тело на нејзиниот син Кузман без ништо да му направат и ништо да не и направат на Неда и  народот. Тие иако се злосторници , сепак имаа храброст и ''излегоа'' чесни и добри луѓе. 






Sunday, October 8, 2017

"Илијада" - Хомер

Илијада е опопеја напишана од Хомер. Во ова дело  се зборува за Тројанската војна . Тројанската војна се одвива помеѓѕ Ахајците и Тројанците, целта на оваа војна било кој ќе освои поголеми територии и кој ќе има поголемо богатство. Причина е грабнувањето на кралицата Елена.
   Ова дело започнува со грабнувањето на кралицата Елена  од страна на Парис која била жена на Менелај. Парис по грабнувањето на Елена ја однел во Троја. Агамемнон сакал да му се одмазди и тој бил ставен како заповедник на Ахајската војска.
   Ахил и Агамемнон влегуваат во кавга . Свештеникот Хрис го замолил Агамемнон да му ја врати ќерката Хрисеида. Агаменон нејќел да ја даде Хрисеида. Богот Аполон се налутил и испратил чума во војската , па тогаш Агамемнон му ја дал ќерката Хрисеида на свештеникот но за возврат ја земал Брисеида робинката на Ахил, па поради тоа Ахил ја напуштил војната.
   Ахил ги оставил Ахајците и тој на неговиот пријател Партокло, му ја дава неговата облека и оружје да се бори против Хектор во име на Ахил. Хектор го ублил Партокло бидејќи мислел дека е Ахил.
   Кога Ахил дознал дека неговиот другар е убиен се упатил кон Хектор со цел да му се одмазни и го повикал на двобој. Хектор се исплашил мислејќи дека Ахил оживеал тој почнал да бега , но во скоро време Ахил го убил Хектор. Таткото на Хектор (Пријам) оди кај Ахил со скапоцени дарови за да го оркупи телото на својот син , кое подоцна тоа тело свечено се пали на клада и се закопува.