Илијада е опопеја напишана од Хомер. Во ова дело се зборува за Тројанската војна . Тројанската војна се одвива помеѓѕ Ахајците и Тројанците, целта на оваа војна било кој ќе освои поголеми територии и кој ќе има поголемо богатство. Причина е грабнувањето на кралицата Елена.
Ова дело започнува со грабнувањето на кралицата Елена од страна на Парис која била жена на Менелај. Парис по грабнувањето на Елена ја однел во Троја. Агамемнон сакал да му се одмазди и тој бил ставен како заповедник на Ахајската војска.
Ахил и Агамемнон влегуваат во кавга . Свештеникот Хрис го замолил Агамемнон да му ја врати ќерката Хрисеида. Агаменон нејќел да ја даде Хрисеида. Богот Аполон се налутил и испратил чума во војската , па тогаш Агамемнон му ја дал ќерката Хрисеида на свештеникот но за возврат ја земал Брисеида робинката на Ахил, па поради тоа Ахил ја напуштил војната.
Ахил ги оставил Ахајците и тој на неговиот пријател Партокло, му ја дава неговата облека и оружје да се бори против Хектор во име на Ахил. Хектор го ублил Партокло бидејќи мислел дека е Ахил.
Кога Ахил дознал дека неговиот другар е убиен се упатил кон Хектор со цел да му се одмазни и го повикал на двобој. Хектор се исплашил мислејќи дека Ахил оживеал тој почнал да бега , но во скоро време Ахил го убил Хектор. Таткото на Хектор (Пријам) оди кај Ахил со скапоцени дарови за да го оркупи телото на својот син , кое подоцна тоа тело свечено се пали на клада и се закопува.
No comments:
Post a Comment