Sunday, November 26, 2017

Шагринска кожа

    Во оваа книга Шагринска кожа се зборува едно младо момче по име Рафаел де Валентин ги вложува своите последни пари и по нивното губење решава да си го одземе животот, фрлајќи се во реката Сена. Но по патот, решава да влезе во една несекојдневна продавница исполнета со интересни работи од целиот свет.
    Продавачот му покажува парче шагринска кожа закачена на ѕидот. Едеб старец тврди дека кожата ја исполнува секоја желба на нејзиниот сопственик, намалувајќи се со секое исполнување. Рафаел не слушајќи го предупредувањето на старецот веднаш ја зема кожата и посакува да се најде на кралски банкет исполнет со вино, жени и пријатели. Во истиот момент неколку негови познаници и пријатели го повикуваат на ваква забава. Тие поминуваат  часови во јадење, пиење и зборувањe. Валентин користејќи ја својата амајлија се здобил со големо богатство, но на кожата како и на неговиот живот им се ближи крајот. Целата ситуација предизвикува тој да почне да паничи, уплашен од самата помисла дека следната желба ќе му донесе смрт. Тој го организира својот дом со цел да избегне да посака нешто: неговиот слуга, Џонатан, подготвува храна, облека и посетители секогаш кога е потребно. 
    Некои работи надвор од неговата моќ го тераат да посака уште желби а со тоа кожата станува речиси невидлива. Очаен, болниот Рафаел бара начин повторно да ја зголеми кожата, и оди во топла бања со надеж дека ќе си ја поврати моќноста.
 Кожата помала од лист на зеленика, тој е посетен од Полина во неговата соба, која му изјавува љубов. Кога ја дозна целата вистина за кожата и дека нејзината улога во неговиот живот е пресудната, таа се стаписала. Рафаел неможел  да ја контролира својата желба за неа причинува таа да избега во соседната соба за да му го спаси животот. Тој тропнал  на вратата и ѝ изјавува љубов како и желба да умре во нејзините прегратки. Таа тогаш се обидувала да се убие за да го ослободи од неговата желба. Тој ја кршил вратата и тие тогаш ја завршуваат нивната љубов и тој умира.

Sunday, November 19, 2017

Повикот на дивината

    Книгата ''Повикот на дивината'' е напишана од Џек Лондон. Во неа се раскажани сите страдања на кучето Бак, кои почнуваат  ноќта кога Бак е украден од домот на судијата и е продаден за да влече санки во големите планини и да им служи за тргачите на злато. 
Неговите сопственици многу пати ќе се сменат и некои од нив ќе бидат лоши, а некои добри.         Тој ќе запознае многу кучиња, од кои повеќето ќе бидат непријателски настроени.  Ќе преживее неколку напади од такви кучиња, и ќе биде приморан да го убие кучето Шпиц.  Ќе стане главен над сите кучиња и ќе воведува мир помеѓу нив. Тој ќе биде најцврст и најсилен од сите.  Ќе издржи и кога скоро сите негови пријатели ќе умрат од глад.  Тој ќе биде спасен од Тортон кога неговите сопственици ќе сакаат да го поведат и него на тенок мраз.
    Тортон ќе им се закани и тие ќе тргнат без Бак, каде што тенкиот мраз ќе пукнe и тие заедно со останатите кучиња ќе исчезнат.  Бак многу ќе го засака Тортон, и неколку пати ќе му го спаси животот.  Но, инстинктите кои ги имале неговите предци ќе се разбудат во него.  Тој неколку пати ќе избега во шумата да се дружи со волците, но повторно се враќа, се додека еден ден не ги најде Тортон и останатите кучиња убиени од страна на индијанците.  Гневен ќе ги убие сите индијанци и ќе избега во шумата да живее засекогаш со волците. Поради неговата сила, ќе стане нивен водач.

Sunday, November 5, 2017

Панонски Легенди

   Во ова лектирно дело ''Панонски легенди'' се зборува за животот на Кирил (Константин) и Методиј. Сето ова се случува во Панонска низина.
   Во житието на Кирил се зборува за неговиот живот. Кирил е седмото дете на Марија и Лав. По завршување на неговото школо Кирил се занимава со ширење на христијанството и словенската писменост. Најважната  мисија на Кирил и Методи им била Моравската мисија.
   Во житието на Методиј исто така се зборува за неговиот живот но во ова житие не е опишан Методиј. Методиј  својот живот го посветил на преведување книги на словенски јазик.
   Кирил и Методиј го посветиле нивниот живот на жирење на словенската азбука. Тие се сметаат за словенски просветители .
   '' Панонските легенди'' ни кажуваат многу за животот на нашите просветители. Затоа би било убаво секој ова да го прочита.