Sunday, November 19, 2017

Повикот на дивината

    Книгата ''Повикот на дивината'' е напишана од Џек Лондон. Во неа се раскажани сите страдања на кучето Бак, кои почнуваат  ноќта кога Бак е украден од домот на судијата и е продаден за да влече санки во големите планини и да им служи за тргачите на злато. 
Неговите сопственици многу пати ќе се сменат и некои од нив ќе бидат лоши, а некои добри.         Тој ќе запознае многу кучиња, од кои повеќето ќе бидат непријателски настроени.  Ќе преживее неколку напади од такви кучиња, и ќе биде приморан да го убие кучето Шпиц.  Ќе стане главен над сите кучиња и ќе воведува мир помеѓу нив. Тој ќе биде најцврст и најсилен од сите.  Ќе издржи и кога скоро сите негови пријатели ќе умрат од глад.  Тој ќе биде спасен од Тортон кога неговите сопственици ќе сакаат да го поведат и него на тенок мраз.
    Тортон ќе им се закани и тие ќе тргнат без Бак, каде што тенкиот мраз ќе пукнe и тие заедно со останатите кучиња ќе исчезнат.  Бак многу ќе го засака Тортон, и неколку пати ќе му го спаси животот.  Но, инстинктите кои ги имале неговите предци ќе се разбудат во него.  Тој неколку пати ќе избега во шумата да се дружи со волците, но повторно се враќа, се додека еден ден не ги најде Тортон и останатите кучиња убиени од страна на индијанците.  Гневен ќе ги убие сите индијанци и ќе избега во шумата да живее засекогаш со волците. Поради неговата сила, ќе стане нивен водач.

No comments:

Post a Comment