Friday, June 1, 2018

Бескрајна Приказна - Михаил Енде


     Во делото Бескрајна Приказна од Михаил Енде се зборува за десет-дванаесет годишно момче Бастијан Балтазар (Бак) со темна коса кое  не го дружат другарите и нен е прифатен во тоа друштво .Тој нема добри оценки но многу сака да чита книги. Бак решава додека бега од група деца кои го бркаат да влезе во една антикварница. Таму  Бак се запознава со уште еден лик, лошиот продавач. Тој читал една книга која на Бак му западнала во око и го прашал продавачот за што се работи во неа. 
     Продавачот му кажал дека тоа е една специјална книга, а тогаш Бак ја украл истата од љубопитност.Во книгата се зборува за детето Атреј кој има за задача да ја спаси Детската кралица од страшното ништо. Бак до толку се внесува во приказната што доведува во еден момент Бак  од Земјата и Атреј од Фантазија да се погледнат во очи и нивната поврзаност да стане скоро реална.
     Но се случува нешто неочекувано Атреј се сретнува со лошиот волк Морг кој сака да ја уништи Фантазија. Во тој момент Атреј дознава дека Фантазија може да се уништи само доколку на Детската кралица Бак не и даде ново име.Затоа Детската кралица го замолува Бак да и даде име пред да биде прекасно и пред да ја снема Фантазија. Тој исплашен излегува на прозорецот и одлучува да ја нарече ,,Дете на Месечината".Со тоа тој ја спасува Фантазија.

No comments:

Post a Comment