Во оваа книга Шагринска кожа се зборува едно
младо момче по име Рафаел де Валентин ги вложува своите последни пари и по
нивното губење решава да си го одземе животот, фрлајќи се во реката Сена. Но по
патот, решава да влезе во една несекојдневна продавница исполнета со интересни
работи од целиот свет.
Продавачот му покажува парче шагринска кожа закачена на ѕидот. Едеб старец тврди дека кожата ја
исполнува секоја желба на нејзиниот сопственик, намалувајќи се со секое
исполнување. Рафаел не слушајќи го
предупредувањето на старецот веднаш ја зема кожата и посакува да се најде на
кралски банкет исполнет со вино, жени и пријатели. Во истиот момент неколку
негови познаници и пријатели го повикуваат на ваква забава. Тие поминуваат часови во јадење, пиење и зборувањe. Валентин користејќи ја својата
амајлија се здобил со големо богатство, но на кожата како и на неговиот живот
им се ближи крајот. Целата ситуација предизвикува тој да почне да паничи,
уплашен од самата помисла дека следната желба ќе му донесе смрт. Тој го
организира својот дом со цел да избегне да посака нешто: неговиот слуга,
Џонатан, подготвува храна, облека и посетители секогаш кога е потребно.
Некои
работи надвор од неговата моќ го тераат да посака уште желби а со тоа кожата
станува речиси невидлива. Очаен, болниот Рафаел бара начин повторно да ја
зголеми кожата, и оди во топла бања со надеж дека ќе си ја поврати моќноста.
Кожата помала од лист на зеленика,
тој е посетен од Полина во неговата соба, која му изјавува љубов. Кога ја дозна
целата вистина за кожата и дека нејзината улога во неговиот живот е пресудната,
таа се стаписала. Рафаел неможел да ја контролира својата желба за неа
причинува таа да избега во соседната соба за да му го спаси животот. Тој тропнал на вратата и ѝ изјавува љубов како и желба да
умре во нејзините прегратки. Таа тогаш
се обидувала да се убие за да
го ослободи од неговата желба. Тој ја кршил вратата и тие тогаш ја
завршуваат нивната љубов и тој умира.