Thursday, May 31, 2018

Антигона - Софокле

   Во драмата Антигона од Софокле се зборува за царско семејство кој што царот Едип не препознавајќи си ги родителите го убива својот татко Лај, се оженува со мајка му и го превзема татковото царство. Децта од тој брак се Полиник, Исмена, Етиокле и Антигона. Антигона е всушност многу јака , храбра у сулна жена која  покрај сите трагедии и лоши случувања таа воопшто не се плаши и не и е стрв нејзе да не и се случи нешто.
    Антигона свјот живот го ризикува и го става во опасност  за да го закопа нејзиниот брат Полиник бидејќи не дозволил новиот цае Креон кој всушност име вујко. Тој не дозволил да се закопа Полиник бидејќи  го мразел. Кога Креон дознал дека Антигона го закопала нејзиниот брат Полиник  бил ремногу лут и ја осудил Антигона на смрт. Тоа Антигона го направила бидејки сакала да ја искаже нејзината сестринска љубов и почит.
     Антигона е една од најцврстите и најжртвуваните ликови во оваа светска литература, жена во сите  нејзини особини, свесна за подредена улога во општеството  но поцврста  и од маж во одлуките и подостоинствена од сите нив.

Чорбаџи Теодос - Васил Иљоски


     Станува збор за класична комедија на интригата , што ќе ја инсценира итроманот Арсо за да го исмее градскиот угледник, чорбаџи Теодос со тоа што ќе го стори цигански кум . Комедијата е составена од три чина . Првиот чин е остварен како експозиција на драмското дејство и се случува во домот на чорбаџи Теодос. Вториот чин го донесува заплетот на интригата на Арсо и се случува на патот кон лозјата на Водно. Третиот чин ја достасува својата кулминација и комедиографскиот расплет со интригата на Арсо . Во експозицијата чорбаџи Теодос се опишува како лик пред кого сите домашни живеат во страв , и кој ќе биде пречка за бракот помеѓу неговиот син Томче и самарџиската ќерка Стојанка ( бидејќи на девојката и видел кал под ноктите. 
     Токму тука се открива господска напернатост во однос на помалите луѓе од него. Тој исто така е опседнат со помислата дека е  некој или нешто може да го сивалка него или дел од неговата облека . Токму затоа , авторот во третиот чин , под стапица на интрига на Арсо и народните обичаји, го претставува чорбаџи Теодос одеднаш наспроти својата волја и притиснат од народните обичаји да биде цигански кум во семејството на Циганот Поцко. Како што се обичајите , првиот што ќе ги пресретне циганите излезени на патот со бебето во раце  тој ќе биде кумот , а Арсо и семејството се договориле тоа да биде чорбаџи Теодос .             Арсо го доведува комедиографскиот расплет и го ослободува чорбаџи Теодос од обврската на кум. Кумството го презема неговиот син Томче , а за возврат добива благослов од татка си да ја побара Стојанка за жена . Исто така и итроманот Арсо е ослободен од својот долг кон чорбаџи Теодос .

Силијан Штркот- Марко Цепенков


      Во лектирното дело Силијан Штркот од Марко Цепенков се случува во Прилепско во селото Мало Коњари. Во селото мало Коњари имало еден човек по име Божин кој имал син по име Силијан и ќерка Босилка. Силијан бил премногу разгален од неговиот татко Божин и неговата мајка бидејќи само тој останал жив мод неговите браќа. Божин и неговата сопруга го ожениле на  16 годишна возраст. Силијан 17 годишна возраст станал татко кој  имал син по име Велко. Силијан бил премногу мрзелив бидејќи неговите родители го разгалувале .                  Силјана толку многу, што му дозволуваат да не работи ништо и постојано да оди во Прилеп божем на пазар, а всушност во меана. Таткото не е среќен што неговиот син недомаќински се однесува, па често, со убаво, се обидува да му укаже на грешките. Му ја раскажува приказната за врапчињата Сиве и Чуле, кои всушност биле луѓе, односно брат и сестра, ама кои не ги слушале своите родители и биле многу разгалени. Затоа мајката ги проколнала велејќи им: „ Синко Сиве, и ти, ќерко Чуле! Пилци да се сторите и од куќава наша да летнете, в поле да појдете, по трњето да стоите и еден со друг да се барате, та никогаш да не можете да се најдете. 
       Така, да се спасиме од вас и од макиве што ни ги правите!“Всушност, во приказната, лошиот син Силјан на некој начин е проколнат од родителите за да може да се врати на вистинскиот пат, да се преиспита и да се пронајде.

Вујко Вања- Антон Панович Чехов

 
     Во драмата Вујко Вања од  Антон Панович Чехов се зборува за  едно руско семејство кое се случува во раната есен. Смејството  живее на селскиот имот. Професорот Серебрјаков е женет за многу помладата  жена Елена Андреевна, во која се заљубени и вујкото Вања, како и месниот доктор Астров. Љубовниот заплет го чини Соња, која е силно вљубена во докторот Астров.
      Освен љубовните интриги, во фамилијата постојат сериозни меѓусебни недоразбирања и нетрпеливост. Вања постојано се жали на своеволниот карактер на Серебрјаков и на неговата безобѕирност кон останатите членови од семејството. Од друга страна, пак, Серебрјаков планирал да ја продаде селската куќа без прашање на останатите во куќата , што ќе повлече бран на незадоволство кај најблиските. Дејството кулминира кога вујко Вања со пиштол ќе посегне по животот на Серебрјаков бидејќи тој не сака да си оди од куќата затоа што тој таму пораснал, што ќе резултира со заминување на професорот и неговата сопруга од куќата.
           По тој невообичаен настан, работите си се вратиле по стариот тек. И по некое време Серебрјаков и неговата млада жена Елена си заминуваат од имотот.