Во лектирното дело Силијан Штркот од Марко Цепенков се
случува во Прилепско во селото Мало Коњари. Во селото мало Коњари имало еден
човек по име Божин кој имал син по име Силијан и ќерка Босилка. Силијан бил
премногу разгален од неговиот татко Божин и неговата мајка бидејќи само тој
останал жив мод неговите браќа. Божин и неговата сопруга го ожениле на 16 годишна возраст. Силијан 17 годишна возраст
станал татко кој имал син по име Велко.
Силијан бил премногу мрзелив бидејќи неговите родители го разгалувале . Силјана
толку многу, што му дозволуваат да не работи ништо и постојано да оди во Прилеп
божем на пазар, а всушност во меана. Таткото не е среќен што неговиот син
недомаќински се однесува, па често, со убаво, се обидува да му укаже на
грешките. Му ја раскажува приказната за врапчињата Сиве и Чуле, кои всушност
биле луѓе, односно брат и сестра, ама кои не ги слушале своите родители и биле
многу разгалени. Затоа мајката ги проколнала велејќи им: „ Синко Сиве, и ти,
ќерко Чуле! Пилци да се сторите и од куќава наша да летнете, в поле да појдете,
по трњето да стоите и еден со друг да се барате, та никогаш да не можете да се
најдете.
Така, да се спасиме од вас и од макиве што ни ги правите!“Всушност, во
приказната, лошиот син Силјан на некој начин е проколнат од родителите за да
може да се врати на вистинскиот пат, да се преиспита и да се пронајде.
No comments:
Post a Comment