Thursday, May 31, 2018

Вујко Вања- Антон Панович Чехов

 
     Во драмата Вујко Вања од  Антон Панович Чехов се зборува за  едно руско семејство кое се случува во раната есен. Смејството  живее на селскиот имот. Професорот Серебрјаков е женет за многу помладата  жена Елена Андреевна, во која се заљубени и вујкото Вања, како и месниот доктор Астров. Љубовниот заплет го чини Соња, која е силно вљубена во докторот Астров.
      Освен љубовните интриги, во фамилијата постојат сериозни меѓусебни недоразбирања и нетрпеливост. Вања постојано се жали на своеволниот карактер на Серебрјаков и на неговата безобѕирност кон останатите членови од семејството. Од друга страна, пак, Серебрјаков планирал да ја продаде селската куќа без прашање на останатите во куќата , што ќе повлече бран на незадоволство кај најблиските. Дејството кулминира кога вујко Вања со пиштол ќе посегне по животот на Серебрјаков бидејќи тој не сака да си оди од куќата затоа што тој таму пораснал, што ќе резултира со заминување на професорот и неговата сопруга од куќата.
           По тој невообичаен настан, работите си се вратиле по стариот тек. И по некое време Серебрјаков и неговата млада жена Елена си заминуваат од имотот.

No comments:

Post a Comment