Friday, June 1, 2018

Галебот Џонатан Ливингстон - Ричард Бах


     Во лектирата Галебот Џонатан од Ричард Бах се зборува за галебот Џонатан Ливингстон кој живеел во јато во кое примарна потреба била храната.Тој бил слаб. Старешината го терал да бара храна за да преживее.Но, тој бил поразличен од другите.
    Џонатан повеќе го сакал летањето отколку  храната, тој се трудел и успеал да биде поразличен, успеал да постигне рекорд  во своето јато од тристотини деведесет и шест километри на час. Џонатан очекувал пофалби во јатото ,но  за жал старешината го истерал.Тој стекнува нови вештини и го усовршува неговото летање до петстотини километри на час.
    Кога во еден момент сретнува два галеби слични на него за кои дознава дека се неговите браќа. Ги учи да летаат но во еден момент ги снемува.На почетокот бил одбивен, но по некое време илјадници галеби се собирале околу него и сакале да станат како него.


Бескрајна Приказна - Михаил Енде


     Во делото Бескрајна Приказна од Михаил Енде се зборува за десет-дванаесет годишно момче Бастијан Балтазар (Бак) со темна коса кое  не го дружат другарите и нен е прифатен во тоа друштво .Тој нема добри оценки но многу сака да чита книги. Бак решава додека бега од група деца кои го бркаат да влезе во една антикварница. Таму  Бак се запознава со уште еден лик, лошиот продавач. Тој читал една книга која на Бак му западнала во око и го прашал продавачот за што се работи во неа. 
     Продавачот му кажал дека тоа е една специјална книга, а тогаш Бак ја украл истата од љубопитност.Во книгата се зборува за детето Атреј кој има за задача да ја спаси Детската кралица од страшното ништо. Бак до толку се внесува во приказната што доведува во еден момент Бак  од Земјата и Атреј од Фантазија да се погледнат во очи и нивната поврзаност да стане скоро реална.
     Но се случува нешто неочекувано Атреј се сретнува со лошиот волк Морг кој сака да ја уништи Фантазија. Во тој момент Атреј дознава дека Фантазија може да се уништи само доколку на Детската кралица Бак не и даде ново име.Затоа Детската кралица го замолува Бак да и даде име пред да биде прекасно и пред да ја снема Фантазија. Тој исплашен излегува на прозорецот и одлучува да ја нарече ,,Дете на Месечината".Со тоа тој ја спасува Фантазија.

Thursday, May 31, 2018

Антигона - Софокле

   Во драмата Антигона од Софокле се зборува за царско семејство кој што царот Едип не препознавајќи си ги родителите го убива својот татко Лај, се оженува со мајка му и го превзема татковото царство. Децта од тој брак се Полиник, Исмена, Етиокле и Антигона. Антигона е всушност многу јака , храбра у сулна жена која  покрај сите трагедии и лоши случувања таа воопшто не се плаши и не и е стрв нејзе да не и се случи нешто.
    Антигона свјот живот го ризикува и го става во опасност  за да го закопа нејзиниот брат Полиник бидејќи не дозволил новиот цае Креон кој всушност име вујко. Тој не дозволил да се закопа Полиник бидејќи  го мразел. Кога Креон дознал дека Антигона го закопала нејзиниот брат Полиник  бил ремногу лут и ја осудил Антигона на смрт. Тоа Антигона го направила бидејки сакала да ја искаже нејзината сестринска љубов и почит.
     Антигона е една од најцврстите и најжртвуваните ликови во оваа светска литература, жена во сите  нејзини особини, свесна за подредена улога во општеството  но поцврста  и од маж во одлуките и подостоинствена од сите нив.

Чорбаџи Теодос - Васил Иљоски


     Станува збор за класична комедија на интригата , што ќе ја инсценира итроманот Арсо за да го исмее градскиот угледник, чорбаџи Теодос со тоа што ќе го стори цигански кум . Комедијата е составена од три чина . Првиот чин е остварен како експозиција на драмското дејство и се случува во домот на чорбаџи Теодос. Вториот чин го донесува заплетот на интригата на Арсо и се случува на патот кон лозјата на Водно. Третиот чин ја достасува својата кулминација и комедиографскиот расплет со интригата на Арсо . Во експозицијата чорбаџи Теодос се опишува како лик пред кого сите домашни живеат во страв , и кој ќе биде пречка за бракот помеѓу неговиот син Томче и самарџиската ќерка Стојанка ( бидејќи на девојката и видел кал под ноктите. 
     Токму тука се открива господска напернатост во однос на помалите луѓе од него. Тој исто така е опседнат со помислата дека е  некој или нешто може да го сивалка него или дел од неговата облека . Токму затоа , авторот во третиот чин , под стапица на интрига на Арсо и народните обичаји, го претставува чорбаџи Теодос одеднаш наспроти својата волја и притиснат од народните обичаји да биде цигански кум во семејството на Циганот Поцко. Како што се обичајите , првиот што ќе ги пресретне циганите излезени на патот со бебето во раце  тој ќе биде кумот , а Арсо и семејството се договориле тоа да биде чорбаџи Теодос .             Арсо го доведува комедиографскиот расплет и го ослободува чорбаџи Теодос од обврската на кум. Кумството го презема неговиот син Томче , а за возврат добива благослов од татка си да ја побара Стојанка за жена . Исто така и итроманот Арсо е ослободен од својот долг кон чорбаџи Теодос .

Силијан Штркот- Марко Цепенков


      Во лектирното дело Силијан Штркот од Марко Цепенков се случува во Прилепско во селото Мало Коњари. Во селото мало Коњари имало еден човек по име Божин кој имал син по име Силијан и ќерка Босилка. Силијан бил премногу разгален од неговиот татко Божин и неговата мајка бидејќи само тој останал жив мод неговите браќа. Божин и неговата сопруга го ожениле на  16 годишна возраст. Силијан 17 годишна возраст станал татко кој  имал син по име Велко. Силијан бил премногу мрзелив бидејќи неговите родители го разгалувале .                  Силјана толку многу, што му дозволуваат да не работи ништо и постојано да оди во Прилеп божем на пазар, а всушност во меана. Таткото не е среќен што неговиот син недомаќински се однесува, па често, со убаво, се обидува да му укаже на грешките. Му ја раскажува приказната за врапчињата Сиве и Чуле, кои всушност биле луѓе, односно брат и сестра, ама кои не ги слушале своите родители и биле многу разгалени. Затоа мајката ги проколнала велејќи им: „ Синко Сиве, и ти, ќерко Чуле! Пилци да се сторите и од куќава наша да летнете, в поле да појдете, по трњето да стоите и еден со друг да се барате, та никогаш да не можете да се најдете. 
       Така, да се спасиме од вас и од макиве што ни ги правите!“Всушност, во приказната, лошиот син Силјан на некој начин е проколнат од родителите за да може да се врати на вистинскиот пат, да се преиспита и да се пронајде.

Вујко Вања- Антон Панович Чехов

 
     Во драмата Вујко Вања од  Антон Панович Чехов се зборува за  едно руско семејство кое се случува во раната есен. Смејството  живее на селскиот имот. Професорот Серебрјаков е женет за многу помладата  жена Елена Андреевна, во која се заљубени и вујкото Вања, како и месниот доктор Астров. Љубовниот заплет го чини Соња, која е силно вљубена во докторот Астров.
      Освен љубовните интриги, во фамилијата постојат сериозни меѓусебни недоразбирања и нетрпеливост. Вања постојано се жали на своеволниот карактер на Серебрјаков и на неговата безобѕирност кон останатите членови од семејството. Од друга страна, пак, Серебрјаков планирал да ја продаде селската куќа без прашање на останатите во куќата , што ќе повлече бран на незадоволство кај најблиските. Дејството кулминира кога вујко Вања со пиштол ќе посегне по животот на Серебрјаков бидејќи тој не сака да си оди од куќата затоа што тој таму пораснал, што ќе резултира со заминување на професорот и неговата сопруга од куќата.
           По тој невообичаен настан, работите си се вратиле по стариот тек. И по некое време Серебрјаков и неговата млада жена Елена си заминуваат од имотот.

Tuesday, February 13, 2018

Прва љубов

   Во овој роман се зборува за првата и неостварена  љубов на Владимир Петрович. Владимир е момче на возраст од 16години и тогаш тој за прв пат се вљубува во девојето кое штотуку  се доселило до нивната куќа.
     Владимир скоро секој ден одел кај неа дома и секој ден се повеќе и повеќе се вљубувал во неа. На Владимир не му била возвратена љубовта бидејки таа била постара од него. Владимир бил повреден и многу тажен.  Кога прв пат ја видел тогаш почнало срцето да му чука брзо и тогаш тој сфатил дека за прв пат тој се вљубува.

     Иако можеме повеќе пати да се заљубиме ,но секогаш првата љубов ќе остане на посебно место во срцето и вечно ќе се памти.